ВИДЕО: Мекларен го претстави новиот болид „MCL34“ 

Екипата на Мекларен го претстави својот болид „MCL34“, со коj ќе се натпреварува во новата сезона на Формула 1 шампионатот. 

Како и во ланската сезона, доминантна боја е жолтата, со додаток на сина на предната и задната страна од болидот. 

„Ние сме во процес на реконструкција и тоа ќе биде долго патување", изјави извршниот директор, Зак Браун.

Мекларен, мината сезона ја заврши на шестото место на табелата во конкуренција на конструктори, што е напредок од две места во однос на претходната. Оваа сезона првпат по 2007 година  ќе има двајца нови возачи, Карлос Сентс и Ленд Норис.