Мекларен доминантен, Норис обезбеди пол-позиција во Белгија

Иако можеби почетокот на викендот не наговестуваше. Ландо Норис ќе стартува од првата позиција на трката за Големата награда на Белгија на стазата СПА Франкошамп. Од првиот ред ќе тргне и неговиот клупски колега од Мекларен, Оскар Пјастри.

Актуелниот светски првак, Макс Верстапен, заврши на четвртата позиција и ќе тргне од вториот ред, заедно со Шарл Леклер. Петтата позиција ја освои Џорџ Расел во Мерцедес.

Временските услови се непредвидливи и се менуваат од час во час, па најавите се дека утре ќе гледаме водена трка. СПА Франкошамп е легендарна патека, која секогаш успева да ги изненади Формула 1 фановите, па и утре ќе гледаме забавна борба.

Трката за Големата награда на Белгија се вози утре од 15:00 часот.