• Иван Димовски
Возачот на Априлиа Рејсинг, Хорхе Мартин е победник на трката во Ле Ман во рамки на Мото ГП шампионатот.
На стартот водството го презеде Марко Бецеки пред Франческо Бањаја, кој водеше голема битка со Педро Акоста. Сепак, во 16. круг Бањаја излета од патеката и ги загуби шансите за триумф. Клучниот момент се случи во 25. круг кога Мартин, кој стартуваше од седмата позиција, го мина Бецеки и стигна до водството.
Втор заврши Бецеки, додека третото место му припадна на Аи Огура.
За Мартин ова беше совршен викенд по победата и на спринтот, а воедно и прв триумф по 588 дена, уште од Големата награда на Индонезија.