ВИДЕО: Мартин прв на спринтот во Австралија, страшен судир на Бецеки и Вињалес

Возачот на Прамак Дукати, Хорхе Мартин, триумфираше на спринтот што се возеше во рамките на Големата награда на Австралија, седумнаесетта трка од овогодинешниот Мото ГП шампионат.

Шпанецот славеше во првиот спринт на патеката „Филип Ајленд“, бидејќи минатогодишната трка беше откажана поради временските неприлики, а утрово се најде и на највисокото скалило на подиумот по седми пат сезонава. 

Мартин имаше една ипол секунда подобро време од Марк Маркез од Гресини, додека на третото скалило на подиумот се искачи Енеа Бастианини од Дукати, кој задоцни за нешто помалку од три секунди.

Инаку, трката во Австралија ја одбележа и инцидентот што се случи пред самиот крај, поточно страшниот судир меѓу Марко Бецеки и Маверик Вињалес, кои во тој момент се бореа за петтата позиција.