Мартин излета, Маркез победи на спринтот во Австралија и го презеде врвот во Мото ГП

Марк Маркез победи на спринт трката за Големата награда на Австралија во Мото ГП шампионатот, откако на патеката „Филип Ајленд“ ја доби драматичната битка со Хорхе Мартин.

Возачот на Дукати ја забележа деветтата спринт победа сезонава, завршувајќи пред својот брат Алекс Маркез и Фабио ди Џанантонио, со што тројцата возачи на Дукати се најдоа на победничкиот подиум. Алекс заостана 0,323 секунди, а Ди Џанантонио 0,590 секунди.

Главниот дуел се водеше меѓу Маркез и Мартин, кои во првите осум круга неколкупати се менуваа на водечката позиција. Шпанецот беше решен да ја дојде до победата, но во осмиот круг ја загуби контролата над својот мотор во брзиот осми свиок и падна. Така заврши неговата борба за триумф, а подоцна беше потврдено дека се здобил со скршеница на десниот зглоб и нема да настапи на главната трка.

Со спринт победата, Маркез собра 365 бода и поведе во шампионатот со 10 бода предност пред Мартин. Главната трка во Австралија се вози в недела наутро од 04:00 часот.