Мартин има „зелено светло“ да вози во Малезија, за трката ќе почека

Хорхе Мартин доби дозвола да го започне тркачкиот викенд на Големата награда на Малезија, само пет дена по тешкиот пад на патеката „Филип Ајленд“. Возачот на Априлија ги помина првичните лекарски прегледи во Сепанг и беше прогласен за способен да настапи на првиот слободен тренинг во петок.

Шпанецот доживеа тежок пад за време на спринт трката во Австралија минатата сабота, при што ја скрши десната палечна коска на подлактицата. Дополнителните прегледи покажале дека станува збор за нецелосна фрактура, без поместување на коската, поради што не била потребна операција. Наместо да се врати во Европа, Мартин се упати кон Куала Лумпур и започна интензивна програма за опоравување со цел да се обиде да настапи во Сепанг.

Сепак, дозволата добиена во четвртокот не значи дека автоматски му е одобрен настапот во текот на целиот викенд. Неговата здравствена состојба повторно ќе биде проценета по првиот слободен тренинг, по што медицинскиот тим ќе одлучи дали ќе може да продолжи со возењето на Големата награда на Малезија.