Маркионе: Фетел е поголем „Ферариста“ од Алонсо

Претседателот на Ферари, Серџио Маркионе, верува дека Себастијан Фетел направи многу повеќе за една сезона во италијанскиот тим, одколку Фернандо Алонсо за пет години поминати во црвениот болид.

Четирикратниот шампион премина во Ферари по крајот од ланската сезона, додека Алонсо се пресели во тимот на Мекларен. Германецот победи на три трки оваа сезона и уште десет пати се искачи на подиумот, што му го донесе третото место во генералниот пласман.

„ Алонсо, со нас беше пет години и беше помалку „Ферариста“ отколку Фетел во само една година, кога ќе се погледне идентитетот и идентификација со тимот“, изјави Маркионе и додаде: „Имавме годишен состанок со сите техничари, механичари, спонзори и возачи во почетокот на овој месец. Присуствуваа 1.200 луѓе и Себастијан одржа говор на италијански јазик. Се разбира дека го научил на памет, но тоа беше совршено и неверојатно. Тој го стори тоа искрено, бидејќи е таква личност, има големо срце и е многу приврзан. Личи на човек кој отсекогаш е член на Ферари“, заврши Маркионе.

Ферари се надева дека Фетел може да биде новиот Шимахер и да му донесе радости на екипата со „црното коњче“ од Маринело.