Маркез вторпат го оперираше десното рамо

Светскиот шампион во Мото ГП, Шпанецот Марк Маркез, повторно подглегна на операција на десното рамо, соопштија од тимот на Репсол Хонда. Маркез нема да може повторно да се појави овој викенд на Гран-при трката во чешкиот град Брно.

Причина за оваа втора операција на десниот хумерус, скршен на шпанското Гран-при што се одржа во Херез, е тоа што титаниумската плоча што била вметната во првата операција е оштетена.

Маркез се врати само три дена по падот, во обид да се натпреварува на трката во Андалузија, но се повлече по квалификациите.

Фабио Квартараро по двете победи во Херез има 50 поени предност во генерален пласман, кои можат да бидат одлучувачки во скратената Мото ГП сезона.