Маркез успешно опериран, следи шестнеделна рехабилитација

Седумкратниот светски шампион, Марк Маркез, успешно е опериран и во наредните шест недели ќе биде на рехабилитација.

Актуелниот шампион во Мото ГП „кралската класа“ во текот на целата сезона имаше проблеми со своето лево рамо, проблми кои мораа да бидат решени со операција. Зафатот беше извршен во каталонскиот институт за трауматологија и спортска медицина, а Маркез таму ќе остане уште 48 часа, по што ќе се пресели во родниот град, каде ќе го продолжи своето заздравување.

Маркез би требало целосно да биде спремен пред почетокот на тестирањата на петаката „Сепанг“, во Малезија. Новата сезона ќе започне на 10 март, а Марк Маркез повторно е еден од најсериозните кандидати за одбарана на титулата.