Маркез успешно опериран: И оваа зима ќе мора да мирува

Чавиер Мир, докторот кој го оперираше Мото ГП шампионот Марк Маркез, потврди дека оперативниот зафат поминал во најдобар ред и повредата на рамото не била така сериозна каков што беше случајот во ланската сезона.

И оваа, како и минатата зима, Маркез ќе мора да заздравува по повреда на своето рамо, но овој пат му се предвидува краток период на заздравување. 

„Операцијата мина во најдобар ред. Најтешкото беше тој да се одлучи за ваков зафат, затоа што повредата не беше така сериозна како претходната. Зазравувањето започнува одма и Маркез и оваа зима ќе мора да мирува. Повредата не е сериозна и затоа се надеваме дека заздравувањето нема да трае долго“, рече Мир. 

Актуелниот светски шампион во Мото ГП со оваа повреда се здоби по падот на трката во Херез.