Маркез убедливо најплатен меѓу возачите во Мото ГП

Марк Маркез

Приходите на возачите кои се дел од Мото ГП шампионатот во тековната сезона првпат ќе ја надминат границата од 50 милиони евра.

На врвот се наоѓа Марк Маркез кој има заработка од 13-16 милиони во зависност од резултатите. Зад него со 8,9 милиони се наоѓа Валентино Роси, а подиумот го комплетира Андреа Довициозо со годишна плата од 6,2 милиони евра.

Вкупниот износ на сите 22 возачи се движи од 52-55 милиони евра што е рекордна бројка во историјата на најбрзото мотоциклистичко натпреварување во светот.

Кога би се направила споредба, пилотите од Формула 1 добиваат значително повеќе, поточно се работи за 100 милиони евра разлика.