Маркез сруши апсолутен рекорд кој беше во сопственост на Лоренцо

Маркез рекорд

Шпанецот Марк Маркез заврши на втората позиција на трката во Малезија и стигна до 395 бодови во генералниот пласман.

Актуелниот шампион во Мото ГП го сруши рекордот по број на освоени бодови во една сезона. Истиот од 2010 година беше во сопственост на неговиот сонародник Хорхе Лоренцо, кој на своето конто запиша 380 бодови.

Ова е уште една потврда за доминацијата на шпанскиот возач на Хонда, кој нема голема конкуренција во последните неколку сезони.

Оваа година ја потврди титулата од минатата сезона и стигна до шестиот трофеј во „кралската“ класа.