Маркез со неверојатен ризик дојде до стартно место на трката во Брно

Актуелниот првак во МотоГП, Марк Маркез, имаше феноменални квалификации и ќе стартува од првото место на трката во Брно која се вози во рамки за ГН на Чешка.

Маркез имаше неверојатно возење и иако возеше со гуми за сува подлога на дожд, презема голем ризик, па успеа да заврши со позитива од дури два и пол секунди во однос на второпласираниот Џек Милер. Третото место му припадна на францускиот возач Жоан Зарко.

По нив, во квалификациите завршија Андреа Довициозо, Пол Еспаргаро, Алекс Ринс, Валентино Роси, Даниеле Петручи, Марк Вињалес...

Трката за ГН на Чешка се вози од 14:00 часот.