Маркез со доминантен настап до седма победа во Остин

Шпанскиот МотоГП возач Марк Маркез имаше одлична трка во Остин, Тексас и дојде до победа во настанот за ГН на Соединетите Американски Држави.

Маркез покажа зошто оваа патека е една од неговите најомилени и со доминантно возење ја запиша седмата радост во Остин. Шпанецот беше побрз од Фабио Квартараро, односно Франческо Бањаја кои завршија на втората и третата позиција.

По триото на подиумот, до бодови дојдоа уште Ринс, Мартин, Бастианини, Мир, Милер, Биндер и Еспаргаро.

Во генералниот пласман води Квартараро со 254 бода, пред Бањаја со 202 бода, а по нив следат Мир со 176 и Милер со 148 поени. Следната трка во МотоГП шампионатот се вози на 24 октомври, на „Мисано“ во Италија.