• Горан Упале
Марк Маркез уште еднаш потврди дека патеката „Заксенринг“ е неговото омилено место за возење. Шпанскиот ас славеше во спринт-трката за Големата награда на Германија и ја продолжи доминацијата на легендарната патека.
Возачот на Дукати од самиот старт го иамше водството и без поголеми проблеми ја контролираше трката до самиот крај, оставајќи ја конкуренцијата зад себе. Второто место му припадна на неговиот брат Алекс Маркез, додека на третото скалило на победничкиот подиум заврши Фабио ди Џанантонио.
За Марк ова беше 19. победа во спринт-трките во Мото ГП, а воедно и уште еден доказ за неговата неверојатна доминација на „Заксенринг“, каде што досега има дури 12 триумфи. Единствениот период кога не успеваше да победува на германската патека беше поврзан со тешката повреда поради која ја пропушти трката во 2020 година.