Маркез се врати во фантастична форма, Бањаја најбрз на вториот тренинг во Португалија

Бањаја

Возачот на Дукати, Франческо Бањаја, беше најбрз на вториот слободен тренинг во пресрет на Мото ГП трката во Португалија овој викенд.

Денешните два тренинзи поминаа во знакот на повратникот Марк Маркез. Шпанскиот шампион се врати по девет месеци и го постигна шестото најбрзо време.

На втората позиција се пласира Фабио Квартараро со Јамаха, а третопласиран беше актуелниот бранител на титулата Жоан Мир со Сузуки.

Трката на патеката Алгарве е закажана за оваа недела. По првите две трки на врвот во генералниот пласман е Јохан Зарко пред Квартараро и Вињаљес.