Маркез прв ќе тргне и во Австрија, соборен историскиот рекорд на Мик Дуан

Светскиот првак, пилотот на Репсол Хонда, Марк Маркез ќе тргне од пол-позицијата на утрешната трка за Големата награда на Австрија, во Светскиот шампионат во Мото ГП. Шпанецот го мина легендарниот Мик Дуан и со 59 стартни позиции и сега е лидер на вечната листа. 

Квартараро и Андреа Довициозо ќе стартуваат од второто и третото место, а зад нив е Маверик Вињалес.

Франческо Бањаја, Такаки Накагами, Алекс Ринс, Џек Милер, Кал Крачлоу, Валентино Роси, Пол Еспаргаро и Данило Петручи ќе бидат наредени на стартот од петтото до дванаесеттото место на стартот.

Трката за Големата награда на Австрија се вози утре од 14:00 часот.