• Иван Димовски
Марк Маркез ќе стартува од пол-позицијата на Големата награда на Германија, откако беше најбрз во квалификациите на патеката „Заксенринг“.
Возачот на Дукати дојде до третата пол-позиција сезонава, а вкупно 105. во кариерата, со време од 1:19.041 минути. Впрочем, ова беше и рекордно време на патеката во Германија.
Второто место го освои неговиот брат Алекс Маркез од тимот Гресини, кој заостануваше само 0,061 секунда, додека трет беше Фабио ди Џанантонио од Пертамина со негатива од 0,147 секунди.
Спринт трката за Големата награда на Германија ќе се вози денес од 15:00 часот, а главната трка е закажана за недела со почеток во 14:00 часот.