Маркез постави нов рекорд и ја освои пол-позицијата за трката во Катар

Шпанецот Марк Маркез извозе најдобро време во квалификациите во Катар и оствари нов рекорд пред главната трка која ќе се одржи утре.

Маркез постави ново најдобро време на патеката од 1:50,499 минути, а Пеко Бањаја имаше пад и ќе ја започне трката од единаесеттата позиција. 

Втор во денешните квалификации беше братот на Маркез, Алекс, кој задоцни само десет стотинки, а третопласиран беше Фабио Квартаро од Јамаха.