• Иван Димовски

Марк Маркез победи на спринт трката за Големата награда на Јапонија на патеката „Твин Ринг Мотеги“. За шампионот ова беше седма победа во спринт оваа сезона во Мото ГП шампионатот.
Возачот на Дукати славеше со предност од две и пол секунди пред Диого Мореира, кој благодарение на казните за излетувањата надвор од рамките на патеката на Хорхе Мартин и Енеа Бастијанини стигна до првиот подиум во кариерата во кралската класа. Аи Огура заврши трет, додека Бастијанини беше четврти. Марко Бецеки го освои шестото место, а Жоан Зарко и Раул Фернандес ги комплетираа освојувачите на бодови.
Трката ја одбележа и инцидентот во првиот круг, кога Алекс Маркез ги исфрли од патеката Педро Акоста и Фабио ди Џанантонио. За инцидентот дополнително ќе биде одредена казна.
Хорхе Мартин и понатаму е лидер во генералниот пласман со 313 бодови, седум повеќе од Марк Маркес и 45 пред Бецеки.
Главната трка за Големата награда на Јапонија е в недела од 7:00 часот.