Маркез: Ова беше неверојатно успешна година, тешко дека ќе се повтори!

Шпанецот Марк Маркез изјави дека сезоната 2025, во која целосно доминираше во Мото ГП шампионатот, ќе биде исклучително тешко да се повтори во иднина. Шпанскиот возач призна дека ни самиот не очекувал толкава надмоќ и резултати какви што оствари изминатата година.

Маркез нагласи дека комбинацијата од спринт-трки и главни трки, како и големиот број бодови што ги освои, ја прави сезоната уникатна. Титулата ја обезбеди неколку трки пред крајот, што дополнително ја потврди неговата доминација во „кралската класа“.

Тој истакна дека конкуренцијата постојано напредува и дека во модерниот Мото ГП шампионат е сè потешко да се одржи континуитет на вакво ниво. Поради тоа, според Маркез, 2025 година ќе остане како една од најдобрите во неговата кариера.

И покрај проблемите со повредите кон крајот на сезоната, Маркез порача дека фокусот сега е насочен кон целосно закрепнување и подготовка за новите предизвици, со надеж дека и во следната сезона ќе може да се бори за највисоките пласмани.