Маркез откри кога планира да се врати на патеките

Маркез

Бранителот на титулата во Мого ГП шампионатот Марк Маркез ќе му се врати на спортот дури во 2021 година. Наскоро ќе биде познат неговиот наследник на тронот во светскиот шампионат. 

Шпанецот ги искористи социјалните мрежи за да им ги соопшти овие тажни вести на своите фанови.

„Оваа година повеќе нема да се натпреварувам. Поради состојбата на мојата рака, по консултација со докторите и мојата екипа одлучив дека најдобра опција за мене е да се вратам наредната година“ , напиша Маркез.

Возачот на Хонда ја скрши десната рака на отворањето на тековната сезона во Херез. Направи обид да се врати порано од очекуваното, но на крај одлучи да се повлече и да го стави здравјето пред својата кариера.