Маркез од првата позиција ќе атакува на нова победа во Муџело

Маркез

Шпанецот Марк Маркез продолжи да доминира на квалификациите во Мото ГП шампионатот.

Возачот на Хонда стигна до четвртата пол-позиција сезонава и од првиот ред ќе ја започне трката во Муџело, Италија.

На второто место се пласира Фабио Куартараро, а веднаш зад него се најде Данило Петручи. Разочарувачки настап пред домашната публика имаше Валентино Роси, кој ќе стартува од 18-та позиција.

Трката за ГН на Италија е закажана за денес, а голем фаворит за победата е Маркез.