Маркез никогаш не победил во Австрија, шампионот пред голем предизвик

Марк Маркез

На крајот од тековната недела е закажана Мото ГП трката во Австрија на патеката „Ред Бул“.

Возачите на Дукати доминираат на оваа трка откако таа се појави на календарот. Најпрво победија Италијанците Андреа Јаноне и Андреа Довициозо, а минатата сезона највисоко на пиедесталот се искачи Хорхе Лоренцо.

Карактеристиките на патеката им одговоараат на моторциклите на италијанската екипа, што значи дека Марк Маркез и неговата Хонда секогаш се во втор план. Токму тоа му носи предизвик на бранителот на титулата, кој ниту еднаш не успеал да запише победа во Австрија.

Довициозо и Петручи ќе се обидат со добар резултат да ја намалат високата предност на Шпанецот во генералниот пласман.

Возачот со број „93“ победи на шест од вкупно десет трки во тековната сезона, па тоа сепак го прави благ фаворит оваа недела.