Маркез најбрз на првите слободни тренинзи во Германија

Марк Маркез

Шпанецот Марк Маркез покажа одлична форма и заврши на првата позиција на вториот слободен тренинг на патеката „Саксенринг“ во Германија.

Актуелниот Мото ГП шампион зад себе ги остави Алекс Ринс на Сузуки и Фабио Квартараро на Јамаха.

Разочарувачки настап имаше Валетино Роси, кој заврши на десеттото место зад Андреа Довициозо.

Маркез е голем фаворит за победата на патеката на која слави шест последователни сезони.