Маркез: „Муџело“ ми буди страв, излетав со 300 на час, ме вадеа со носилки...

Марк Маркез е најдобар мотоциклист во светот, а во интервју говореше за ризичното возење кое му носеше успеси низ годините.

Шпанецот призна дека најмногу се исплашил за себе во 2013 година, кога на патеката „Муџело“ во Италија излетал со 300 на час и едвај се спасил од сериозни повреди.

„Тоа беше единствен пат кога ме изнесоа на носилки и единствен пат кога се уплашив за себе. За среќа скокнав од мотоциклот една секунда порано. Можеше да ми се случи нешто сериозно. Падот влијаеше на мене цел викенд, не можев да возам како што треба“, изјави Маркез.

Маркез е актуелен шампион во МотоГП и со години доминира во најбрзиот мотоспорт. Важи за фаворит за тронот и оваа сезона, ама не се знае кога истата ќе стартува поради коронавирусот.