• Саше Љолес
Шампионот во Мото ГП, Марк Маркез, се огласи после судирот и падот на трката за Големата награда на Индонезија, каде несреќно го заврши настапот уште во првиот круг.
Шпанецот се судри со Италијанецот Марко Бецеки и веднаш беше пренесен во болница, каде медиумите успеаја да извлечат кратка изјава.
„Не можам да кажам дека се чувствувам добро во моментов. Има фрактура на рамото, но во целата оваа несреќа, веројатно можев да минам и многу полошо.
На коската се гледа дека се скинати лигаментите, но тоа ќе стане појасно после деталните прегледи во Милано“, изјави Маркез.
Во манир на вистински спортист, Маркез воедно побара да не се „фрлаат камења“ по Марко Бецеки, истакнувајќи дека ваквите судири се нормални во овој спорт и никој не ги предизвикува намерно.