ВИДЕО: Маркез како Роналдо ја прослави победата во САД и испрати порака до критичарите!

Марк Маркез, возачот на Репсол Хонда, синоќа ја продолжи својата доминација на патеката во Остин, САД, откако шеста година по ред прв ја минува целта. 

Фантастичниот Шпанец беше неприкосновен, извози перфектно, а на крај победата одлучи да ја прослави во стилот на Кристијано Роналдо и испрати порака до критичарите кои го напаѓаа поради инцидентот со Валентино Роси. 

Пред две седмици на трката за Големата награда на Аргентина, Маркез направи грешка и го исфрли од игра Роси. По завршувањето на трката Шпанецот се одлучи да му се извини на некогашниот шампион, но овој бесен не прифати никакво извинување.