Маркез ја прекина и последната врска со Роси: Шпанецот нема да се рекламира преку „ВР46 Рејсинг“

Марк Маркез

Шпанскиот возач од екипата на Хонда, Марк Маркез, очекувано ја прекина соработката со маркетинг компанијата „ВР46 Рејсинг“, која е во сопственост на Валентино Роси. 

Причината се гледа во тензичната завршница на минатиот шампионат, кога Роси и Маркез имаа блиска средба на ГП трката во Малезија, на која Италијанецот со нога го оттурна шпанскиот возач и го исфрли од патеката. Иако Шпанецот имаше уште една година договор со компанијата, врската беше нарушена по завршувањето на минатата натпреварувачка сезона.

Маркез веќе ја најде замената и потпиша договор со „Групо Прители“, кои ќе се грижат за рекламирање на неговите продукти во наредните неколку години.