Маркез и Лоренцо најбрзи на првиот слободен тренинг во Херез

Марк Маркез слободен тренинг

Првиот слободен тренинг на патеката во Херез заврши со доминација на двата возачи на Хонда, Марк Маркез и Хорхе Лоренцо.

Најбрз беше бранителот на титулата со време од 1:37.921 минути, а неговиот клупски колега заостана само 0.124 секунди.

На третото место се пласира уште еден Шпанец. Тоа е Маверик Вињалес од екипата на Сузуки кој заедно со Андреа Довициозо и Валентино Роси треба да биде главен конкурент за подиумот на трката в недела.

Трката за ГН на Шпанија е четврта на календарот за оваа сезона. Во генералниот пласман пред истата води Довициозо пред Роси и Алекс Ринс.