Маркез го предизвикува Хамилтон: Дуел еден на еден, најпрво во Ф1 и потоа со моторцикл

Маркез Хамилтон

Марк Маркез е човек кој секогаш е подготвен за нов предизвик. И често неговите идеи се возбудливи и за фановите, кои беа изненадени од неговата последна изјава.

Сон на секој фан на спортовите со автомобили и моторцикли е да видат меѓусебен дуел меѓу двајцата најдоминантни возачи, Марк Маркез и Луис Хамилтон. 

„Би било интересно. Дуел еден на еден. Најпрво во Ф1, а потоа со моторцикл. Знам дека Луис вози моторцикли и тоа го прави доста добро.

Би сакал еден ден да се запознаеме и да споделиме искуства од своите кариери. Требаше да се видиме минатата година, но поради обврски на двете страни не успеавме“ , рече Шпанецот.

Што мислите вие, кој би бил поуспешен во овој несекојдневен дуел - Марк Маркез или Луис Хамилтон?