Маркез го подари трофејот од Арагон на семејството на Хуго Милан

Возачот на Хонда, Марк Маркез го подари трофејот освоен во Арагон на семејството на Хуго Милано, кој на 15-годишна возраст почина на Европскиот куп за таленти. 

Хуго Милан трагично загина при судир токму во Арагон во јули оваа година, а Мото ГП трката на истата патека започна со едно минутно молчење.

Уште пред почетокот Маркез имаше голема желба да ја заврши трката на подиумот бидејќи сакаше да го подари трофејот на семејството на Милан. За него било дополнителна мотивација

„Хуго, во моментот кога целото Мото ГП семејство ти оддаде почит на Мотроленд, си ветив дека ќе направам сè за да ја завршам трката на подиумот за да ѝ го дадам трофејот на твоето семејство. Шампионе, почивај во мир“, напиша Маркез.

По фантастичната борба со Франческо Бањаја и дури седум обиди за претекнување во последните три круга, Маркез трката во Арагон ја заврши на второто место.