Маркез го надмудри Ринс во Херез и го запоседна врвот во МотоГП

Шпанскиот МотоГП возач Марк Маркез забележа победа на трката за ГН на Шпанија која се возеше во Херез и дојде до првото место во генералниот пласман во најквалитетниот мотошампионат.

Возачот на Хонда Репсол ја имаше контролата на трката, а во финишот вешто се одбрани од нападите на Алекс Ринс од Сузуки, кој заврши на втората позиција. Подиумот го комплетира Марк Вињалес од Јамаха.

По шпанската тројка, следи италијански квартет, па бодови освоија уште Андреа Довициозо, Данило Петручи, Валентино Роси и Франко Морбидели.

Со победата во Херез, Маркез го запоседна врвот во генералниот пласман со вкупно 70 бода, пред Ринс со 69 и Довициозо со 67 бода.

Наредната трка во МотоГП шампионатот се вози за ГН на Франција, на патеката „Бугати“ на 19 мај од 14:00 часот.