Маркез: Еднаш му пуштив рака на Роси, нема повеќе да го направам тоа

Маркез Роси

Мото ГП фановите често се интересираат каков е моменталниот однос на Марк Маркез и Валентино Роси.

Шпанецот имаше неколку тензични моменти во претходните неколку години со „докторот“ од Јамаха, во еден момент му пушти рака за да му се извини, на што доби негативен одговор. Запрашан дали тоа ќе го направи уште еднаш, Маркез рече:

„Веќе го направив тоа, зар не? Нема повеќе да ме видите да му пуштам рака. Немам никаков проблем со него. Му се восхитувам на тоа што го прави за спортот. Би сакал и јас да бидам така брз кога ќе ги имам неговите години. Верувам дека и во новата сезона ќе бидеме главни ривали на патеките“ , рече светскиот шампион.

Возбудувањата во Мото ГП шампионатот започнуваат со трката во Катар на 10 март.