ВИДЕО: Маркез доминираше и во Брно, разочарувачко шесто место за Роси! 

Марк Маркез ја забележа својата шестта победа во десетата трка од овогодишниот Мото ГП шампионат. Фантастичниот возач на Хонда попладнево доминираше и на патеката во Брно и го продолжи својот поход кон шестиот трофеј од најквалитетното Мото натпреварување. 

Шпанецот уште на вчерашните квалификации најави дека е најблиску до победата во Брно, а денес рутински го потврди тоа и за запиша втората победа во последните три Мото ГП трки. 

Возачот на Дукати, Андреа Довициозо, во поголемиот дел од трката му дишеше во врат на Маркез, но немаше сили да го задржи одличниот ритам на Шпанецот и мораше да се задоволи со втората позиција. 

Трет заврши Џек Милнер, додека некогашниот шампион Валентино Роси заврши на шестата позиција.

Маркес е лидер на шампионатот со 210 поени, Довициозо го следи со 147, додека Данило Петручи, кој денес беше осми ја задржа третата позиција со 129 поени.