• Иван Димовски
Франческо Бањаја освои пол-позиција на трката за Големата награда на Чешка, користејќи го падот на најголемиот фаворит Марк Маркез.
Италијанецот извозе најбрз круг со време 1:52,303 на патеката во Брно. Иако Маркез беше на пат да го турне од првото место, загуби рамнотежа и излета од патеката при главниот обид. Поради тоа Шпанецот ќе започне како второпласиран, бидејќи веќе имаше поставено второ најбрзо време.
HIGH DRAMA! @marcmarquez93 goes down while on course for pole #CzechGP pic.twitter.com/PpgBZFuRYe
— MotoGP (@MotoGP) July 19, 2025
На третата позиција се пласира Фабио Квартараро од Јамаха, заокружувајќи го првиот стартен ред.
Спринт трката во Брно се вози денес во 15:00 часот, додека главната трка в недела е час порано (14:00).