Марк Маркез со рекорд до пол-позиција во Аргентина

Возачот на Дукати, Марк Маркез, ја освои пол-позицијата пред Големата награда на Аргентина, втората трка од овогодинешниот шампионат во Мото ГП.

Осумкратниот светски првак уште од почетокот на возењето ги помести границите на патеката Термас де Рио Ондо, а на пат до втората пол-позиција сезонава, постави нов рекорд – 1:36.917 минути.

Како и пред две недели во Тајланд, најблиску до Марк беше неговиот брат Алекс Маркез, кој заостана 246 стотинки, а на двајцата во првиот ред ќе им се придружи сензационалниот Жоан Зарко од ЛЦР Хонда.

Попладнево во Аргентина ќе се вози спринт-трка, додека трката за ГН на Аргентина е во недела од 19:00 часот.