• Саше Љолес

Возачот на Дукати, Марк Маркез, триумфираше на денешната спринт-трка во рамките на Големата награда на Арагон во Мото ГП шампионатот.
Актуелниот светски шампион беше најбрз на патеката во Алкањиз и до победата стигна со време од 19:37.990 минути. Второто место му припадна на Алекс Маркез од Гресини, додека трет заврши Марко Бецеки од Априлија.
Хорхе Мартин, кој е лидер во генералниот пласман, го освои петтото место и дополнително напредуваше во борбата за шампионската титула. Со бодови завршија и Педро Акоста, Диого Мореира, Фермин Алдегер, Раул Фернандез и Жоан Зарко.
Главната трка за Големата награда на Арагон ќе се вози утре со почеток од 14:00 часот.