Марк Маркез победи на спринтот во Херез и испиша историја

Шпанскиот МотоГП возач Марк Маркез е победник на спринт-трката во Херез и така дојде до историја во најбрзата класа на мото-спортот.

За шпанскиот возач ова беше петти триумф оваа сезона во исто толку одржани трки во спринт, нешто што никој претходно го нема направено. Претходно рекордот го држеше Хорхе Мартин со четири победи во низа.

На спринт трката во Херез за ГН на Шпанија, Марк Маркез заврши на првата позиција пред својот брат Алекс Маркез, додека третопласиран на патеката „Анхел Нието“ е Италијанецот Франческо Бањаја.

Главната трка во Херез се вози во недела.