Марк Маркез ја освои пол-позицијата на трката за Големата награда на Шпанија

Шпанецот Марк Маркез ја освои пол-позицијата за спринтот и главната трка за Големата награда на неговата родна држава. 

Маркез на патеката во Херез стигна до својата 103. пол-позиција во кариерата, со најдобро време од 1:48,087 минути, оставајќи зад себе Жоан Зарко од Хонда (заостана 0,140 секунди) и Фабио Ди Џанантонио, кој доцнеше 1,010 секунди. 

Спринтот за Големата награда на Шпанија се вози денес, а главната трка е на програмата утре, со почеток во 14:00 часот.