• Саше Љолес

Шпанскиот мотоциклист, Марк Маркез, најверојатно ќе ја напушти екипата на Хонда и следната сезона ќе вози за тимот на Гресини, јавува „Ас“.
Маркез своите најголеми успеси ги доживеа токму во Хонда, со која освои дури шест шампионски титули во „кралската класа“, а исто така има по една титула во Мото2 и Мото3 шампионатите. Сезонава Шпанецот освои само 22 бода и имаше неколку падови, а успеа да заврши само две трки.
Медиумите на Пиринеите пишуваат дека Маркез би можел следната сезона да се приклучи на Гресини, каде вози неговиот помлад брат, Алекс, кој сезонава има освоено 102 бода. 30-годишниот Марк Маркез е еден од најлегендарните и најуспешните возачи во историјата на овој спорт.