Марк Маркез доминираше и во Германија, брат му Алекс излета од патеката

Марк Маркез продолжува со фантастичната сезона во Мото ГП шампионатот. Возачот на Дукати триумфираше на Големата награда на Германија на патеката Заксенринг, откако претходно беше најбрз и на спринт-трката.

Деветкратниот светски шамион не им остави никакви шанси на ривалите и уште еднаш ја потврди одличната форма. Второто место му припадна на Аи Огура од Тракхаус Рејсинг, додека неговиот тимски колега Раул Фернандез го комплетираше победничкиот подиум.

Четврти заврши Педро Акоста, пред Хорхе Мартин и Франческо Бањаја, а меѓу најдобрите десет се пласираа и Фабио Квартараро, Лука Марини, Енеа Бастијанини и Бред Биндер.

Трката предвреме ја заврши Алекс Маркез, кој излета од патеката во десеттиот круг додека се наоѓаше на втората позиција. Од друга страна, Марко Бецеки воопшто не настапи поради повреда на рамото, поради која веќе беше подложен на оперативен зафат.