Марк Маркез до единаесетта спринт-победа во Брно

Марк Маркез победи на спринт трката за Големата награда на Чешка на патеката во Брно.

Шпанскиот фаворит тргна од втората позиција, ама успеа уште во првиот круг да го мине Франческо Бањаја кој не ја одбрани пол-позицијата. Маркез успеа да победи по единаесетти пат на спринт трките, во вкупно дванаесет колку што се возеа сезонава. 

На второто место спринтот го заврши Педро Акоста, а на подиумот се пласира и Енеа Бастианини. Човекот кој тргна од првата позиција Бањаја заврши дури седми на крајот на трката. Главната трка во Брно е закажана за в недела во 14:00 часот. 

Во генералниот поредок Марк Маркез има 356 поени, дури 95 побеќе од неговиот брат Алекс кој е второпласиран со 261. На третото место е Франческо Бањаја со 200.

ФОТО/PHOTO: www.motogp.com