• Мартин Танасковски
Лидерот во пласманот во Мото ГП, Марк Маркез од Дукати, по неговата втора последователна победа сезонава изјави дека неговиот брат Алекс е неговиот најсериозен ривал за светската титула оваа сезона.
„Алекс ќе победи на многу трки оваа година, знам дека се чувствува сигурен дека може да ја освои светската титула. Тој направи такво нешто и во Мото3 и во Мото 2. Морам да признаам, Алекс е мојот главен ривал за титулата оваа година.“, изјави Марк Маркез.
Од почетокот на оваа сезона, Марк има две победи во главните трки и две победи во спринтовите. Неговиот брат Алекс, пак, има четири втори места и разликата меѓу двајцата браќа на врвот на табелата е 16 бода.