• Иван Димовски
Актуелниот шампион на Формула 1, Макс Верстапен е победник на спринт трката на патеката „КОТА“ во Тексас.
Холанѓанецот тргна од првото место и успеа да го задржи до крајот. Верстапен дојде до победата на овој спринт со целосно време 31:06,146, оставајќи ја конкуренцијата релативно далеку зад себе.
Пред самиот крај Карлос Саинц го грабна второто место од Ландо Норис кој направи грешка и беше казнет за тоа, па заврши на третото место. Четврти беше Шарл Леклер, а потоа со поголем заостанок беше дуото на Мерцедес, Расел и Хамилтон. Во топ десет завршија Магнусен, Хулкенберг, Перез и Пиастри.
Трката за Големата награда на САД се вози в недела во 21:00 часот.