Макс ги надмина Кларк и Лауда по бројот на победи во кариерата

Макс

Трката во Канада донесе рутинска победа за Макс Верстапен. Бранителот на титулата во Формула 1 шампионатот продолжи да доминира и да ја зголемува предноста во генералниот пласман.

24-годишникот запиша триумф по 26-ти пат во кариерата. Со тоа ги надмина Џими Кларк и Ники Лауда и продолжи да се искачува на вечната листа.

На првото место е Луис Хамилтон (103), пред Михаел Шумахер (91) и Себастијан Фетел (53). Пред Верстапен моментално се блиску Џеки Стјуарт со 27, Најџел Менсел со 31 и Фернандо Алонсо со 32 победи.

Следната трка на Формула 1 календарот е закажана на 3 јули за Големата награда на Велика Британија.