Магнусен со шокантна пол-позиција за спринтот во Бразил, тимскиот колега Шумахер на последното место

Данскиот возач Кевин Магнусен ги шокираше сите во Бразил, бидејќи постигна најдобро време во квалификациите за спринтерската трка и ја освои првата пол-позиција во кариерата.

Макс Верстапен веќе е прогласен за шампион, но возбудувањата во Формула 1 не изостануваат. Остануваат уште две трки до крајот на сезоната, а очигледно многу возачи сакаат да докажат дека имаат што да покажат во оваа година, која најмногу помина во знакот на старо-новиот шампион.

Овој пат, од никаде, се појави Кевин Магнусен. Данецот во Хас е веројатно последниот човек од кој се очекуваше дека ќе стигне до пол-позицијата. Особено што неговиот тимски колега Мик Шумахер го зазеде последното место.

Во секој случај, Магнусен постигна најбрзо време во Q3 на дожд од 1:11.674, 203 илјадити делови од секундата побрзо од Верстапен. Вториот стартен ред е резервиран за Британецот Џорџ Расел во Мерцедес и Ландо Норис во Мекларен. Зад нив се уште Карлос Саинц во Ферари, Естебан Окон во Алпино, неговиот тимски колега Фернандо Алонсо, Луис Хамилтон во Мерцедес, Серхио Перез во Ред Бул и Шарл Леклер во Ферари.

Спринт трката во Бразил е на програмата е в сабота од 20:30 часот, а главната трка в недела од 19:00 часот.