Маестрална трка и прва „кралска“ победа за Педро Акоста во Мото ГП!

Младиот шпански мотоциклист Педро Акоста е новата ѕвезда во Мото ГП шампионатот, откако оствари спектакуларна победа на трката за Големата награда на Австрија. За Акоста ова претставува дебитантски триумф и прва победа во кралската класа. 

Младиот ас на КТМ доминираше во текот на целиот викенд на патеката во Шпилберг, која всушност претставува домашен терен за неговиот тим. Иако не ја освои пол-позицијата, а во саботниот спринт имаше пад додека сигурно водеше, тоа не го поколеба.

На главната трка имаше одличен старт и наметна силно темпо од самиот почеток. Уште во деветтиот круг успеа лесно да го мине Хорхе Мартин, по што сигурно ја извозе трката до крај. Зад него, на подиумот се најдоа Мартин и Марко Бецеки, додека Аи Огура заврши на четвртата позиција.