Луис Хамилтон со прва пол-позиција за Ферари на спринтот во Кина

Британскиот Ф1 возач Луис Хамилтон ја слави првата пол-позиција во новиот тим Ферари, откако заврши како најбрз во квалификациите за спринтот во Кина.

Повеќекратниот шампион во најбзиот автомото спорт го освои првото место откако успшеа да завши пред холандскиот возач на Ред Бул, Макс Верстапен. Хамилтон беше побрз од ривалот за само 0,018 секунди.

Оскар Пјасти заврши на третото место, следен од Чарлс Леклер и Ландо Норис.

Спринт трката во Кина е закажана за ноќта од петок кон сабота со почеток во 04:00 часот.