ЛУДИЛО во Истанбул: Прва пол позиција за Ленс Строл, катастрофа на Мерцедес

Возачот на Рејсинг Поинт, Ленс Строл се пласира на првата позиција на денешните квалификации пред трката за Големата Награда на Турција. Дождот беше вистинска причина за „хаос“ и квалификации кои ветуваат интересна трка утре со старт од 11:10 часот.

За овој млад возач, стартот од првото место утре ќе му биде прва пол позиција во кариерата. На дождливата патека во Истанбул, целосно потфрлија Мерцедес. Луис Хамилтон се пласира дури на шестата позиција, а Валтери Ботас три места пониско, што е прв пат оваа сезона. Двата пилоти на Мерцедес имаа „еден-два“ во сите претходни 13 трки. 

  • Моментот кога Строл дозна дека е на пол позиција:

Макс Верстапен беше близу да го искористи лошиот ден на Мерцедесите, ама влегувањето во боксот и менувањето на пневматиците значително го успори. Така, својата шанса ја искористи Ленс Строл, а третото место за утре му припадна на вториот возач од Рејсинг Поинт, Серхио Перез. 

Разочарувачки перформанси покрај Мерцедес прикажаа Ферари и Мекларен, кои нема да имаат возач во топ десет утре. Освежување беше осмото место на Кими Раиконен и десеттото на колегата Џовинаци, сè тоа на 500 трка на Заубер (сега Алфа Ромео) во Формула 1.